Поврзете се со нас

Свет

Турскиот гигант има нов тренер: Фенербахче го соопшти наследникот на Обрадовиќ

Објавено

на

Екипата на Фенербахче официјално го реши најважното прашање околу тоа кој ќе го води составот во наредната натпреварувачка сезона.

Имено тимот од Истанбул соопшти дека наследникот на Жељко Обрадовиќ ќе биде Игор Кокошков. Ова значи дека уште еден Србин ќе го води Фенербахче и тоа според договорот во наредните три сезони.

Кокошков е доста искусен тренер кој долго години е во НБА лигата, во многу клубови беше асистент, а самјостојно го водеше Феникс Санс во натпреварувачката 2018-2019. Во моментов тој е и селектор на Србија, а досегашн најголем успех во кариерата дефинитивно е златниот медал со селекцијата на Словенија на ЕП во 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни