Поврзете се со нас

Германија

Тухел за ремито на Баерн: Се однесувавме неодговорно во клучните моменти

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен се најде во незгодна ситуација на вчерашното гостување кај РБ Лајпциг, но успеа да постигне два гола во вториот дел и да извлече реми против квалитетниот ривал.

Тренерот Томас Тухел презел дел од одговорноста за случувањата на средбата, но појаснил и дека дефанзивците направиле многу индивидуални грешки.

– Можеби нашиот почетен план беше погрешен и преземам одговорност за тоа.

– Но, индивидуално реагиравме многу неодговорно во ситуациите од кои тие постигнаа гол. Не можам да објаснам зошто Ким не влезе во дуел со Поулсен, додека Упамекано отвори место за Опенда.

– За среќа, се подобривме во сите сегменти во второто полувреме и затоа заслуживме да се вратиме во мечот, – рекол Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни