Франција
Тудор решил да го напушти Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј ќе игра квалификации за Лигата на шампионите и доби солидна оценка од фановите за сезоната во која ќе биде освоено третото место, но наредната, францускиот клуб ќе мора да биде предводен од друг тренер.
Игор Тудор денеска најавил дека деновиве ќе има состанок со челните луѓе околу својата иднина, но „СпортИталија“ тврди дека хрватскиот стручњак веќе има донесено конечна одлука.
Таа е дека Тудор ќе го напушти Олимпик Марсеј по крајот на сезоната и ќе бара нов предизвик во некоја од најквалитетните лиги во Европа.
Поранешниот дефанзивец е најблиску до враќање во Италија, па медиумите го претставуваат и како кандидат за наследник на Макс Алегри во Јувентус.
Тудор е поранешен играч на „бјанконерите“ и му беше асистент на Андреа Пирло кога овој го водеше Јувентус, па неговата поврзаност со торинскиот клуб може да му донесе предност во однос на другите кандидати.
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Германијапред 11 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Италијапред 10 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 14 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 9 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 7 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 14 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 5 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)