Поврзете се со нас

Италија

Тренерска смена во најголемото разочарување сезонава во Серија А

Објавено

на

Неочекувано лошата резултатска серија го натера раководството на Верона да го отпушти досегашниот тренер.

Габриеле Чофи и неговиот прв асистент заминуваат од Верона по денешната официјална одлука, која е базирана на само пет освоени бодови на тимот во досегашниот дел од сезоната.

Најавите се дека на клупата на Верона ќе седне познато име, односно Диего Лопез, кој во минатото водеше повеќе екипи во Серија А.

Уругваецот ги водеше Калјари, Болоња, Палермо и Бреша на „чизмата“, а последната тренерска епизода ја имаше во Универзидад де Чиле.

Верона досега постигна само 8 гола и освои пет бода, со што е на дното на табелата во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни