Поврзете се со нас

Франција

Тренерот зборувал со Мбапе и Нејмар: Галтие има решение за пеналите во ПСЖ

Објавено

на

Пари Сен Жермен се подготвува за новиот предизвик во Лига 1, а во меѓувреме клубот воедно работи на подобрување на ситуацијата во клубот, меѓу играчите по потезите на Килијан Мбапе на последниот лигашки меч против Монпелје.

Мбапе беше многу нервозен, промаши пенал, при една акција престана да трча и одмавнуваше со раката откако не доби топка, се „тепаше“ со Нејмар за вториот пенал со тоа што претходно го закачи Меси со рамото.

Сето ова донесе тензија во ПСЖ, па клубот предводен од тренерот Кристоф Галтие се обиде да го реши проблемот и тоа го направил кога се во прашање ударите од 11 метри.

Тој имал разговор со Мбапе и Нејмар на кој бил договорено Французинот да биде прв пеналџија, односно Бразилецот ќе чека на ред ако биде досуден нов пенал.

Со ова била решена оваа ситуација, но прашање каков од односот меѓу двете ѕвезди со оглед на тоа што медиумите пренесоа дека едноставно во моментов тешко комунцираат, односно се во конфликт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни