Поврзете се со нас

Конференциска лига

Тренерот на Шкупи не се појави на пресот во Софија поради семејни причини, помошникот порача: Не сме дојдени на екскурзија

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи го одработи планираниот тренинг на „Виваком арената“ во Софија и ги имаше последните подготовки за реваншот против Левски во главниот град на Бугарија, натпревар на кој се очекува да има тензија поради се она што се случи во Скопје.

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига ќе има тешка задача поради лошиот резултат на „Тодор Проески“, а негативата од 0:2 сепак не ги згаснува надежите кај чаирчани кои велат дека ќе излезат на теренот за да дадат се од себе.

Поради семејни прчини, на денешниот прес во Софија не се појави тренерот Џихат Арслан, а збор пред новинарите доби неговиот помошник, Февзи Лаич.

– Малку доцневме со пристигнувањето, но мило ми е што сме тука. Не е лесно да се игра по првиот меч кој го загубивме со 2:0 на домашен терен. Сепак, не сме дојдени овде на екскурзија, ќе дадеме се од себе да се претставиме што подобро.

– Дојдовме со јасни идеи, имам видено многу во фудбалот, играв, овој резултат не ни е пријатен, но ќе направиме се за да го надминеме и да го заштитиме името на Шкупи и Македонија, – изјави Февзи.

Во официјалната вест која ја објави Шкупи се вели дека тренерот Арслан отпатувал во Истанбул поради семејни причини, но планот е да се врати и да го води тимот од клупата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни