Поврзете се со нас

Конференциска лига

Трагикомедија: Партизан со смешен автогол го комплетираше дебаклот во Данска (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FKPartizanBG

Партизан се спаси од голем срам во претходната рунда и едвај го елиминираше Шабах Баку, но многумина навивачи на клубот денеска мислат дека подобро ќе беше воопшто да не се пласираа во баражот за пласман во Конференциската лига.

Причина за тоа е ужасот кој го доживеа српскиот великан на гостувањето во Данска, на кое буквално беше прегазен од страна на домаќинот Нордсјеланд кој можеше да даде и десет гола во мрежата на „црно-белите“.

Домашниот тим почна фуриозно уште од самиот старт и во првиот дел постигна два гола Фрезе и Ингвартсен, но вистинската катастрофа за гостите пристигна во вториот дел.

Партизан успеа да се ослободи во првата половина од вториот дел и малку наметна свое темпо, но тогаш прими трет гол и до крајот на мечот се играше викторија пред голот на Јовановиќ.

Третиот гол за Нордсејалд беше дело на Ингвартсен, Виладсен зголеми на 4:0, а во самиот финиш, Јовановиќ упропасти неколку добри одбрани со катастрофална реакција. Илиќ си постигна автогол по несмасната и лоша реакција на голманот, па на крајот пука „петарда“ и Партизан понижен ќе се врати на реваншот во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни