ВТА
Трагедија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото)
Арина Сабаленка пред два месеци го освои Австралија Опен и ја одбрани титулата во Мелбурн, но неколку дена по лошото издание на Индијан Велс, Белорусинката доби исклучително лоша вест.
Белоруските медиуми ја пренесоа веста за ненадејната смрт на нејзиното момче, кое всушност беше познат хокеарски работник и поранешен професионален хокеар.
Константин Колцов починал на 42 години од досега непознати причини и оваа вест го погоди цело хокеарско опкружување во Белорусија и пошироко, но и сферата на тенисот со оглед на врската која ја имаше со последната шампионка на Австралија Опен.
– Со голема жалост ве информираме дека почина нашиот тренер Константин Колцов. Тој беше силна и насмеана личност, беше многу сакам и почитуван од сите играчи и навивачи, – гласи објавата на неговиот клуб Салават Јулаев.
Пред да стане тренер, Колцов како играч беше дел од НХЛ лигата од 2002. до 2006. година, а како репрезентативец на Белорусија настапи и на две Олимпијади (2002 и 2010 година).
За жал, ова е втора животна драма за Сабаленка во краток временски интервал, бидејќи Белорусинката пред пет години остана и без својот татко Сергеј кој почина на 43 години.
Konstantin Koltsov’s death has been confirmed by his club
He was Sabalenka’s boyfriend & a former hockey player
Heartbroken for Aryna. She lost her father a few years ago… and now this.
Send Aryna & Koltsov’s family your prayers. They’re going to need them 💔🙏
(via… pic.twitter.com/GpjR8z2N8O
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 19, 2024
-
Шпанијапред 20 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 21 час
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 17 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Италијапред 24 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец
-
НБАпред 17 часа
Јокиќ го исфрустрира ЛеБрон во еден дуел, изразот на лицето на Џејмс стана вирален (Видео)
-
Македонијапред 24 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Балканпред 10 часа
Барди: Во еден период бев подобар од Меси…
-
Лига на шампионипред 12 часа
Признание за најдобрата македонска судијка: Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ