Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал откри каква порака испратил Рафа три дена пред заминувањето за Австралија

Објавено

на

Тони Надал како чичко на Рафаел веќе подолго време не е тренер на шпанскиот тенисер и неговите успеси ги коментира од далечина, па сега во пресрет на неделното финале во кое по шести пат ќе игра освојувачот на 20 грен слем титули, се обиде да даде една објективна изјава од тениска гледна точка.

Искусниот Тони вели дека никој во тимот на Рафа не се надевал дека Надал ќе стигне до завршниот меч во Мелбурн, бидејќи само три дена пред полетувањето кон Австралја, Надал не бил сигурен дали воопшто ќе настапи на тенискиот грен слем.

– Искрено, изненаден сум од формата на Рафа. Три дена пред да тргне за Австралија, тој зборуваше со мојот најмлад син и си разговараа за прележаниот коронавирус и периодот минат во карантин.

– Отидовме да тренираме и за време на тренингот тој порача дека не знае дали ќе замне за Австралија, бидејќи не смета дека е во можност да игра на посакувано ниво. Тоа беше на три дена пред летот, но наредниот ден се расположи и рече „ајде ќе одам и ќе пробам“. Мислам дека тоа повеќе го кажа од возбуда, не од некоја промена.

Надал во утрешното финале ќе ги одмери силите со Данил Медведев, а целта на Шпанецот ќе биде да стигне до рекордната 21-ва грен слем титула.

– Гледам како Рафа ја освојува титулата, можам да направам таква проекција после се што се случи. Полуфиналето против Беретини ме потсети на некои негови најдобри моменти. Единственото прашање е следно: Што ќе се случи доколку гледаме навистина долг меч, – завршува Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни