Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал ги расчисти дилемите: Рафа ќе игра во Париз, а за пензија…

Објавено

на

Тони Надал во изминатиов период е доста актуелен со информациите кои ги дава за неговиот внук Рафа кој веќе подолго време нема настап на големата тениска сцена.

Од повредата и поразот на Австралија Опен големиот грен слем шампион е во „аут“, имаше доста информации, прогнози за тоа кога ќе се врати, ама ниту една од нив не се покажа како точна, поточно Рафа скокна и неколку омилени турнири на земјена подлога како оние во Монте Карло, Барселона и Мадрид.

Поради ова почна да се поставува прашање за тоа дали ќе игра и на Ролан Гарос, но според Тони кога е во прашање истото нема никаква дилема.

-Би сакал да се натпреварува.Нема да мине долго време. Ќе игра во Париз, иако ќе биде важно да се види состојбата, да се види како ќе тренира во наредните недели и да се анализира што може да направи во Рим. Не размислува за пензија, само сака да се опорави и да продолжи да се натпреварува затоа што сè уште чувствува страст кон спортот, -вели Тони кој проговори за споредбите меѓу Рафа и Карлос Алкараз.

-Има се, тој е комплетен. Имаме голем шампион за подолги патеки. Тие се слични, играат до крај, им создаваат проблеми на противниците, во важни моменти добро играат, -порача искусниот тениски струњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни