Поврзете се со нас

АБА лига

ТФТ покажа неверојатен карактер и преку драма обезбеди прва победа во АБА2 лигата

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ABA_League2

Кошарката е непредвидлив спорт и се може да се промени во неколку минути или секунди, а добар доказ за тоа добивме и на вечерашниот натпревар во АБА 2 лигата.

ТФТ Скопје успеа да ја забележи првата победа во регионалното натпреварување, и тоа го направи на асполутно драматичен натпревар во кој се врати на неверојатен начин, за потоа да победи во продолжение.

Македонскиот претставник одлично парираше во првата четвртина против Подгорица и имаше само два негатива (26:24), но влезе во „црна дупка“ на стартот на вториот дел и му дозволи на противникот да отиде на плус 15 поени.

Добра вест беше тоа што тимот на Смилковски покажа карактер уште во оваа фаза на натпреварот и успеа да ја преполови негативата, но ситуацијата изгледаше идентично лошо и на крајот на третиот период.

Последната четвртина започна со минус 12 за тафталиџани, но и покрај оваа негатива, момците покажаа желба за надигрување и се изборија за 83:83 по 40 одиграни минути.

Ова значеше дека ќе се одиграат дополнителни пет минути за да се одлучи победникот, во кои подобри беа кошаркарите на ТФТ со 12:10 за победа од 95:93.

Костоски брилјираше со 28 поени и 9 асистенции зад своето име, Андерсон уфрли 13 поени, додека Батрик и Ташоски го завршија мечот со по 12 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни