Боречки спортови
Тајсон: Се дрогирам со отров од крастава жаба, тоа ми го промени животот!

Мајк Тајсон без никаков сомнеж е еден од најдобрите и најмоќните боксери на сите времиња, но како познат професионалец кој имаше и навистина бурен приватен живот, тој никогаш не се штедел во јавноста и секогаш привлекува внимание со своите јавни исповеди.
Таква е и оваа последната поврзана за неговиот далеку поздрав начин на живот, кој во изминатите три години направи да загуби неверојатни 45 килограми и да се врати во боксерскиот ринг во ревијален карактер.
„Челичниот Мајк“ открива дека станал непрепознатливо друга личност откако пронашол стимуланс кој одлично влијае на неговиот организам, и кој направил да се чувствува моќно како во најдобрите боксерски денови.
– Се дрогирам со отров од крастава жаба. Го имам внесено овој отров во себе 53 пати, но ништо не може да се спореди со првиот пат. Тогаш помислив дека ќе умрам. Имав огромен предизвик да го пробам ова. Во мојот живот, користев тешки дроги како кокаинот, но ова е друга димензија.
– Пред да го внесувам отровот од крастава жаба бев вистински хаос, бев уништен, најголем противник си бев самиот јас. Немав никаква самодоверба, тоа им се случува на луѓето со големо его како што сум јас. Но, отровот од крастава жаба ми ја врати самодовербата и егото.
– Сите околу мене видоа голема промена откако го внесувам ова, мојот живот се подобри, комплетно ми е подобрено нивото на живо. Единствената придобивка од отровот е тоа што го користите вашиот целосен потенцијал, го гледам светот на друг начин, – открива Тајсон.
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!
-
Светпред 24 часа
Станковски со деби гол во својот прв старт за Газиантеп (Видео)
-
АТПпред 9 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ ја потврди разделбата со еден од најискусните фудбалери
-
Англијапред 3 часа
Конте си крева на цена: Да ми речеше Леви дека сака да играме во Лигата на шампионите..
-
Англијапред 23 часа
Клоп го најави заминувањето на играч на Ливерпул и порача: Тој е наша легенда
-
Шпанијапред 22 часа
Тебас: Не гледам како Барселона може да си го дозволи Левандовски
-
НБАпред 8 часа
Уникатна сцена: „Џинот“ Шек го користи Реџи Милер како замена за тегови во теретана (Видео)