Поврзете се со нас

Свет

Суарез со мајсторски погодок ја прекина рекордната серија на Бразил (Видео)

Објавено

на

Луис Суарез постигна само почесен гол на дуелот меѓу Бразил и Уругвај, бидејќи неговата репрезентација го заврши гостувањето во јужноамериканските квалификации со пораз од 4:1.

Сепак, фудбалските фанови се импресионирани од начинот на кој искусниот напаѓач го реализираше слободниот удар и го изненади Едерсон, а притоа неговиот гол има и поинакво значење.

Уругвајскиот репрезентативец ја прекина рекордната серија на Бразилците без примен гол на домашен терен во мундијалските квалификации, серија која траеше веќе девет натпревари.

За Суарез ова беше 65. гол во националниот тим, со што само го подобри личниот рекорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни