Поврзете се со нас

Конференциска лига

Струга ТЛ ги дозна потенцијалните ривали за плеј-офот во Конференциската лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Струга Трим Лум е единствената жива македонска екипа во европските купови и тоа во Конференциската лига.

Нареден ривал за избраниците на Дуро е Есперанж од Луксембург, тим со кој ќе се соочи на 10 и 17 август. Во случај да биде мината и оваа пречка тогаш македонскиот првак ќе игра во завршната квалификациска рунда, плејофот за влез во групната фаза на ова натпреварување на УЕФА.

Стружани денеска ќе дознаат кој може да биде тој ривал, но УЕФА го скрати списокот на можни противници, поточно истиот ќе се бара од овие тимови: Зрињски (БиХ) – Брејдаблик (Исланд), Карабах (Азербејџан) – ХЈК Хелсинки (Финска), Астана (Казахстан) – Лудогорец (Бугарија)

Извлекувањето е закажано за 14 часот во Нион.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни