Поврзете се со нас

Конференциска лига

Струга прими три брзи гола од Лиепаја и го заврши своето европско лето

Објавено

на

Струга Трим и Лум направи историски подвиг со самото тоа што избори излез во Европа, но овој клуб од охридското крајбрежје допрва ќе треба да собира искуство за да се покажат подобри резултати против силни противници.

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига го заврши своето европско лето уште во првото коло, без оглед на тоа што имаше одличен резултат по гостувањето во Летонија.

Струга одигра 1:1 против Лиепаја, но денеска претрпе убедлив пораз од 1:4 и стана јасно дека противникот оди во втората рунда од квалификациите во новоформираното натпреварување на УЕФА.

Укпа го отвори резултатот со гол пред крајот на првиот дел, по што следеше фуриозно отворање на второто полувреме кога стана јасно дека гостинот ја осигура победата.

Додо постигна два гола за 0:3 до 49-та минута, Скендери намали на 1:3 и го постигна почесниот гол, додека конечниот резултат го постави Карклинс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни