Поврзете се со нас

Конференциска лига

Струга издоминира против Будуќност, но оствари само минимална победа

Објавено

на

Foto:facebook.com/Fcstruga

Елиминацијата од Жалгирис во квалификациското коло за Лигата на шампионите не значење крај за Струга во Европа, бидејќи македонскиот првак доби втора шанса за пласман во Конференциската лига.

Струга Трим и Лум продолжија стартуваа во второто квалификациско коло и за противник го имаа тимот на Будуќност, кој мора да се признае дека денеска добро мина со минимален пораз, со оглед на тоа што нашиот претставник доминираше во секој поглед.

Натпреварот се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид во навистина тешки услови за игра поради топлото време, но тоа не им претставуваше проблем на фудбалерите на Струга кои беа посебно добри во првиот дел.

Црногорскиот противник не можеше да парира на темпото поставено од стружани и немаше ниту една закана кон голот, а во овој дел од играта го видовме и клучниот момент на мечт.

Бесарт Ибраими постигна гол во 30-та минута по асистенција од Радески, но реалноста беше таа дека Струга можеше да има и многу поуверлива предност во овој дел од мечот. Во вториот дел, Будуќност успеа да се стабилизира и подобро парираше на теренот, но Струга одново беше поблиску до гол и може да жали што ќе патува само со 1:0 на гостувањето во Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни