Поврзете се со нас

Франција

Стоичков: Ова ќе биде година на Меси

Објавено

на

Лионел Меси игра одлично на стартот на новата сезона, дава голови, дели асистенции, ги разигрува соиграчите, а она што е најважно неговиот Пари Сен Жермен едноставно гази се пред себе.

Ова секако е одлична вест како за самиот Лео, но и за репрезентацијата на Аргентина со која треба да настапи на Светското првенство во Катар. „Гаучосите“ со супер расположен Меси сигурни би биле меѓу главните фаворити за пехарот кој се игра во месец ноември и декември.

Легендарниот Христо Стоичков многу верува во Меси и едноставно смета дека ова ќе биде негова година.

-Го гледам брз, вешт, со нос за голови и секогаш подготвен за асистенција. Во 2021 година страдаше поради јазикот, но ова ќе биде негова година. Среќен е во репрезентацијата, -истакна Стоичков за „Оле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни