Поврзете се со нас

АТП

Србљак по голема борба остана без осминафинале во Анталија

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак по голема борба доживеа пораз од Стијн Слумп во првото коло на ИТФ фјучерсот во Анталија (Турција) што се игра на земјена подлога за вредност од 15.000 долари.

Србљак преку три победи во квалификациите избори место во главната фаза, а за ривал во истата исто доби тенисер од квалификациите, но играч кој е далеку подобро пласиран на АТП листата (1071/813). Меѓутоа без разлика на тоа Горазд се прикажа во одлично светло, максимално се бореше против фаворитот кој беше решен дури по три сета и три часа игра на теренот број еден.

Нашиот рекет го доби првиот сет со 7-6 и тоа откако во тај-брејкот беше подобар со 10-8.

Холанѓанецот во продолжението подобро ги користеше брејк шансите, па така во вториот сет имаше три од четири што му овозможи да дојде до 6-3, додека во решавачката рунда имаше учинок два од четири наспроти двете неискористени шанси на Македонецот за конечни на крајот 6-1.

Со ова славје Слумп закажа битка со четвртиот носител Влад Андреј Данчу од Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни