Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Специјален гостин во Париз: Средбата на Роналдињо и Меси го привлече вниманието на фановите (Видео)

Објавено

на

ПСЖ вечерва се соочува со РБ Лајпциг во натпревар од фудбалската Лига на шампиони, а францускиот клуб има посебен гостин во ВИП ложата.

Поддршка на домашните фудбалери и на својот некогашен клуб ќе му даде легендарниот Роналдињо кој однапред беше најавен како специјално поканет гостин за оваа средба.

Роналдињо имаше можност за кратка средба и со еден свој поранешен соиграч, а ни помалку, ни повеќе, тоа е Лионел Меси.

Бразилецот се поздрави со Меси додека овој се подготвуваше за натпреварот, а средбата меѓу екс играчите на Барселона предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Роналдињо настапуваше за ПСЖ меѓу 2001 и 2003 година, по што замина во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни