Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети: Никогаш не заборавајте, ние сме Италија

Објавено

на

Селекцијата на Италија се најде во „групата на смртта“ на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Германија.

„Аѕурите“ ќе имаат соочувања со Шпанија, Хрватска и Албанија што е најава за интересен, борбен, возбудлив фудбал до самиот крај. Италијанците можеби минуваат низ турбулентен период, имаат свои проблеми, ама во исто време се актуелни еввропски шампион, имаат голема историја и селекторот Лучијано Спалети не заборави тоа да го спомене по ждрепката.

-Можеше да биде подобро, но бевме во четвртиот шешир. И никогаш не заборавајте дека ние сме Италија.

-Сега е тешко да се прават прогнози, има уште многу месеци. Албанија секако докажа дека е добро организирана, иако знаеме дека многу ќе зависи од нашата форма во тој момент, од подготовките што ќе ги направиме во натпреварувањето и како заедно ќе работиме. Хрватска е силна, искусен тим. Некои од нивните играчи малку напредуваат, но знам дека некои од нив се на врвно ниво.

-Секој што го сака овој спорт мора да ужива во предизвикот, во спротивно ќе го изгубите целото задоволство од него. Во еден натпревар ќе има различни моменти каде што тимот треба да се брани, дури и со 10 играчи околу работ на шеснаесетникот ако е потребно, но намерата е секогаш да се игра атрактивен и напаѓачки фудбал, -порача Спалети.

Италијанците започуваат со Албанија, па се соочуваат со Шпанија и на крај играат со Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни