Поврзете се со нас

Конференциска лига

Скопската Арена затворена до септември: Струга ќе го пречека Есперанж на теренот на ФФМ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Струга Трим Љум е единствениот преостанат наш преставник во европските купови, а во пресрет на дуелот со Есперанж доби официјална вест каде ќе го игра домашниот натпревар во Конференциската лига.

Од претходно беше јасно дека тоа нема да биде Охрид и „Билјанини Извори“, поточно логично беше да се соочи со претставникот на Луксембург на националната арена „Тодор Проески“.

Меѓутоа со оглед на катастрофалната состојба на теренот на скопската арена, истиот е затворен и нема да се играат натпревари до септември кога ќе се соочиме со Италија во квалификаците за ЕП.

Македонскиот првак ќе го пречека Есперанж (10 август-17 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ, додека пак Работнички и Вардар исто ќе мора да си бараат други решенија за домашните средби во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни