АТП
Скјавоне: Ѓоковиќ не е фаворит за титулата во Торино

Заврши групната фаза на АТП завршниот Мастерс во Торино, па денеска и утре следуваат главните борби, поточно полуфиналните пресметки и секако борбата за пехарот.
Паровите се Јаник Синер-Данил Медведев и Новак Ѓоковиќ-Карлос Алкарас што е гаранција за елитен, супер квалитетен тенис во кој останува да се види кој ќе го има последниот збор.
Ѓоковиќ е најискусен на оваа сцена, има остварено најмногу успеси, титули, но според поранешната тенисерка Франческа Скјавоне тој не е главен фаворит за „насловот“ во Торино.
-Јаник и Новак го одиграа мечот во три сета како да беше предизвикот кога играа Новак, Рожер и Рафа, сите бевме залепени за ТВ восхитувајќи се на големата тројка. Единствено што се прашувам е дали овие деца од таа наследна генерација, Синер, Руне и Алкарас ќе успеат така да одиграат во пет сета, ако успеат ќе имаме врвен тенис како пред десет години.
-Според мене, Ѓоковиќ не е фаворит за финалето на АТП, но има способност не само да си ја врати силата, туку и концентрацијата. Анализирањето на мечот со Јаник ќе му даде поинаква платформа за полуфинале, со поинаков дух и концентрација, -порача Италијанката која своевремено го освои Ролан Гарос.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 13 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари