Поврзете се со нас

Англија

„Сините“ дочекаа одмазда после девет месеци: Челси му фати сеир на клубот кој испадна од Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси вчера со реми против Њукасл (1:1) стави крај на ужасната сезона во која заврши на 12-то место на табелата, но и покрај катастрофалниот крај, клубот пронајде време да му фаќа на сеир на еден од тимовите кои испаднаа во понизок ранг.

Вчерашниот епилог на завршното коло во Премиер лигата беше неповолен за Лестер и Лидс Јунајтед кои се преселија во Втора лига, а Челси очигледно добро ја паметеше провокацијта од месец август и се одмазди на доста суров начин.

Лидс го победи Челси на домашен терен со 3:0 на стартот на сезоната и тогаш никој не можеше да предвиди дека тимот ќе испадне во понизок ранг, па голеадата над „сините“ беше прославена со насловот:

– Животот брзо ти враќа…..

Девет месеци подоцна, Челси се потсети на ова тролање од Лидс, па сега со изменет контектс го прослави нивното испаѓање во Чемпионшип.

– Секако дека е така….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни