Поврзете се со нас

АТП

Синер: Уживам во ривалството со Алкарас…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Јаник Синер неодамна го претрпе првиот пораз во 2024 година и тоа на Мастерсот во Индијан Велс каде подобар од него беше Карлос Алкарас.

Италијанецот го доби првиот сет, но потоа Алкарас беше на повисоко ниво и го доби дуелот, а на крајот ја освои и титулата во калифорниската пустина.

-Уживам во ривалството со Алкарас. Убеден сум дека нашето ривалство штотуку започна. Тој е импресивен тенисер. Речиси секогаш кога играме, натпреварите се одлични. Даваме максимум на теренот, многу се почитуваме. Не се дружиме толку многу надвор од теренот, тој има своја рутина, а јас моја. Ама на теренот, Карлос е тенисер кој може многу да покаже. Тој е многу емотивен, голем борец. Малку сум поинаков, не покажувам толку многу емоции, но тоа фунцкионира за мене, -истакна Синер кој се надева на подобар настап во Мајами.

-Тоа е само еден натпревар што го загубив. Ништо повеќе. Сега во Мајами имам шанса повторно да го покажам мојот најдобар тенис. Знаев дека првиот пораз сезонава ќе дојде порано или подоцна и задоволен сум што тоа се случи во полуфиналето на еден Мастерс. За мене тоа е успех, -подвлече Италијанецот.

Синер и Алакарас се изедначени во меѓусебните дуели со по четири победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни