Поврзете се со нас

Светски првенства

Симаниќ се огласи по освоеното сребро на Србија (ФОТО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија немаше сили да дојде до златото на Светското првенство или поточно на тој пат им застана Германија која во завршниот меч во Манила славеше со 83-77.

Србите максимално се бореа и на овој меч на кој уште на стартот останаа без важен играч, Добриќ кој се повреди и повеќе не се врати во игра. Низ целиот тим нашите северни соседи се соочуваа со многу пехови, проблеми, а оној кој беше најголем беше отсуството на Бориша Симаниќ.

Неговата улога на теренот не беше и сигурно немаше да биде преголема, но фактот што неговиот живот висеше во еден момент дефинитивно донесе и многу емоции. Тој се здоби со незгоден удар на средбата со Јужен Судан, заврши во болница, имаше оперативен зафат и остана без еден бубрег.

Ситуацијата сега е подобра, па Симаниќ испрати и порака на социјалните мрежи по освоеното сребро.

-Ви благодарам за се, горд сум на вас, -порача Бориша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни