Поврзете се со нас

Репрезентација

Силјаноски назначен за нов директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година

Објавено

на

foto: ffm.mk

Драган Силјаноски e назначен за нов директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Силјаноски е поранешен репрезентативец на Македонија кој на домашната сцена играше за клубови како Напредок, Победа, Слога Југомагнат и Шкендија, а надвор од нашите граници беше активен во Антверпен каде што остана да работи и по завршувањето на играчката кариера.

-Навистина сум возбуден и почестен што се приклучувам на Фудбалската федерација на Македонија како нов спортски директор на репрезентацијата до 21 година.

– Оваа селекција, според мене, ја има клучната улога во обликувањето на иднината на нашиот репрезентативен фудбал. Тоа го потврдува блиското минато и се разбира сегашноста, ако го гледаме составот на најдобрата македонска репрезентација.

– И како фудбалер, но и како човек од фудбалот, секогаш сум бил посветен на зајакнување на односите меѓу сите во тимот, се со цел да се искористи потенцијалот за да се направи добар резултат. Се надевам дека со моето искуство ќе донесам некоја нова динамична енергија и во репрезентацијата до 21 година.

– Тесно ќе соработуваме со нашиот тренерски потенцијал, административниот тим и клучните луѓе во федерацијата за да се осигура дека фудбалерите ќе ја добијат поддршката и се што им е потребно за да напредуваат на теренот и надвор од него, -порача Силјаноски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни