Поврзете се со нас

Македонија

Силекс и Македонија Ѓорче Петров патници во македонското Куп финале

Објавено

на

Екипите на Силекс и Македонија Ѓорче Петров ќе ги одмератсилитево финалето од Купот на Македонија откако денеска ги совладаа своите полуфинални противници.

Второлигашот од Кратово славеше против тимот на Пелистер со минимални 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Антонио Каланоски.

Ова е второ едно по друго учество на Силекс во финалето од Купот откако и лани играше  и го освои ова натпреварување откако беше поуспешен од тимот на Академија Пандев.

Противник на Силекс ќе биде Македонија Ѓорче Петров која пак четврти пат во својата историја ќе игра во финалниот натпревар од Купот.

„Лавовите“ денеска беа подобри во пенал рулетот против Струга Трим Љум и истиот го добија со 4:2, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни