Поврзете се со нас

Светски првенства

Швајцарија мораше да го одложи стартот: Инспекторите на УЕФА утврдија бизарна неправилност на теренот во Сент Гален (Видео)

Објавено

на

КВалификацискиот натпревар меѓу Швајцарија и Литванија имаше бизарен увертира пред официјалниот старт на мечот, бидејќи истиот мораше да биде одложен откако инспекторите на УЕФА утврдија дека има неправилности на едниот од двата гола.

Одговорните луѓе од Европската куќа на фудбалот останале зачудени при мерењата на головите на теренот во Сент Гален, па откако било воочено дека еден гол е повисок за 5 до 10 сантиметри од стандардната висина, пресметката меѓу Швајцарија и Литванија започна со задоцнување од 15 минути.

Одговорните луѓе на стадионот брзо мораа да пронаоѓаат решенија и најдоа резервен гол во подтрибинскиот простор, па откако беше инсталиран нов гол на теренот, официјалните лица дадоа зелено светло за старт на натпреварот.

Швајцарија на крајот победи со минимални 1:0, а овие случувања неверојатно многу потсетија на натпреварот меѓу Шкендија и Тотенхем кога Жозе Мурињо се пожали и побара од УЕФА да го промени голот на „Тодор Проески“ стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни