Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанија покажа класа и ја елиминираше Литванија од ЕП

Објавено

на

Шпанија по долги години не е меѓу главните фаворите за пехарот на Европското првенство, но „црвената фурија“ никогаш не може да се отпише и тоа на своја кожа вечерва го почувствува селекцијата на Литванија.

Литванците славеа на двете пријателски средби со Шпанците пред овој шампионат, па обложувалниците ги ставија во улога на фаворити на дуелот во Берлин, но избраниците на Скариоло покажаа дека овој состав и понатаму поседува квалитет, борбеност и по една драма која донесе дополнителни пет минути славеше со 102-94 за пласман во четвртфиналето на турнирот.

Фантастичен беше Браун со 28 поени на кои придодаде 8 асистенции, одлична поддршка беше и Вили Ернангомез со 21 поени и 8 скокови.

Кај поразените Кузминскас уфрли 18, Браздеикис 17, а големо разочарување беше првата ѕвезда Валанчиунас со само 5 поени.

Шпанија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од Финска-Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни