Поврзете се со нас

Македонија

Шевченко го гледаше својот син во Скопје и доби специјален сувенир од Сејдини (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Андриј Шевченко денеска беше ВИП гостин во Скопје каде дојде да го гледа својот син Кристијан, но и останатите играчи од младинскиот тим на Украина кој играше против Македонија.

На отворањето на елитните квалификации за Европско првенство, турнирот во Скопје тргна лошо за нашите избраници, но супер искуство за сите беше тоа што на трибините на „Петар Милошевски“ беше фудбалска легенда на како Шева.

Како сувенир од посетата во Скопје, Шевченко доби и дрес од македонската фудбалска репрезентација, а истиот му го додели нашиот претседател на фудбалскиот сојуз, Муамед Сејдин.

Шевченко од неодамна е прв човек на украинскиот фудбал и пристигна во македонската престолнина како актуелен претседател, па на крајот си заминува и како позадоволен со оглед на конечниот резултат (0:2).

– Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот.
Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина. Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата, – порача Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни