Поврзете се со нас

НБА

Шек направи грешка, Јокиќ му се развика и му одржа лекција (ВИДЕО)

Објавено

на

Денвер Нагетс ја доби пресметката со Мемфис Гризлис (105-91) и на тој начин се израмни на врвот со противникот во западната конференција.

Одново лидер на клубот од Колорадо беше Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок од 13 поени, 13 скокови и 13 асистенции, партија во која ги воодушеви фановите со неколку потези.

Веќе ја имаше акцијата во глава: Јокиќ со магична асистенција низ нозе ги воодушеви кошаркарските фанови (ВИДЕО)

По средбата Јокиќ имаше комуникација, разговор со добро познатите членови од ТНТ од кои еден е Шекил O’Нил. Шек го праша Јокиќ дали можел како дете да се замисли дека ќе биде најдобар центар во НБА лигата дека ќе прави се што прави на што Србинот одговори дека тоа не го правел, односно дека на врвот е токму некогашниот ас на ЛА Лејкерс.

Ова O’Нил не го слушна во прв момент, му беше пренесено од колегите по што се заблагодари на руски по што Никола се изнервира:

-Тоа е руски. На мојот јазик се вика хвала-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни