Поврзете се со нас

НБА

Шампионот запиша втор триумф против Лејкерс, Мајами не ја искористи првата „меч топка“ против Њујорк (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/BleacherReport

Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит не ги искористија првите „меч топки“ во пресметките против Голден Стејт Вориорс и Њујорк Никс во плејофот во НБА лигата.

„Езерџиите“ немаа сила да ја затворат серијата против „воините“ во Сан Франциско, поточно актуелниот шампион славеше со 121-106 и со тоа намали на 3-2. Комплетната домашна петорка, плус резервистот Пул беа двоцифрени, најефикасен беше Кари со 27 кошеви.

Леброн со 25 поени беше прв стрелец кај Лејкерс. Кога е во прашање составот од Калифорнија тука треба да се каже дека Дејвис не можеше да го заврши мечот по ударот кој во глава го доби од Луни, мораше да биде искористена и инвалидска количка за да се движи, меѓутоа последните вести се дека центарот е во ред, не влегол во НБА протоколот за потрес на мозок, поточно на свои нозе ја напушти арената.

Њујорк Никс пак на крилата на неверојатниот Брансон кој ги одигра сите 48 минути славеше над Мајами со 112-103. Плејмејкерот имаше учинок од 38 поени, 9 скока и 7 асистенции, а одлична поддршка му беше дуото Берет-Рендл кое искомбинира 50 кошеви.

Домаќините одиграа одлична одбрана врз најдобриот играч на гостите Батлер кој заврши со „само“ 19 поени.

Ако Никси сакаат да ја вратат серијата во „Медисон Сквер Гарден“ ќе мора да слават на теренот на противникот на наредниот натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни