Поврзете се со нас

Олимписки игри

Северна Кореја е првата земја која го откажа учеството на Олимписките игри

Објавено

на

Северена Кореја е првата земја која го откажува својот настап на претстојните Олимписки игри кои се на програмата ова лето, откако министерството од Пјонгјанг изелзе со официјална одлука.

Министерството за спорт на Северна Кореја одлучи дека ниту еден нивни учесник нема да настапи на Олимпијадата во Токио, со јасна цел да се заштитат спортистите од потенцијално заразување со Ковид 19.

Северена Кореја важи за земја која е комплетно „затворена“ за останатиот дел од светот и оттаму пристигнуваат информации дека во овој момент немаат ниту еден заболен со коронавирус, па во појаснувањето се вели дека со настап во Токио, би се ризикувало ширење на болеста по крајот на Олимпијадата.

Оваа одлука од министерството била донесена на 25-ти марти и е проследена во јавноста десетина дена подоцна, по што стана јасно дека Северна Кореја за првпат нема да настапи на едни Олимписки игри по 1988-ма година.

Според „Би-Би-Си“, овој непопуларен потег на Северна Кореја нема да и донесе позитивни вести кога е во прашање планот кој го имаше за 2032-година, односно заедничко организирање на игрите со Јужна Кореја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни