Боречки спортови
Седум медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство во Црна Гора

Едно трето место во индивидуална конкуренција и шест бронзи во екипните настапи освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство што викендов се одржа во Црна Гора.
Претставниците на скопскиот клуб, вкупно осум, беа дел од селекцијата на Македонија која што се натпреваруваше на шампионатот во Подгорица од 23 до 25 февруари.
Во поединечните настапи Викторија Јовановска освои бронза во категоријата -61 килограм. Таа ги оствари следните резултати против: Хана Дебељак (Словенија) 0-0; Луција Батаија (Хрватска) 0-1; Медина Бераковиќ (БиХ) 8-2. Во мечот за третото место Јовановска ја победи Елмедина Истогу од Косово со 4-1.
Во машка екипна конкуренција во борби освојувачи на бронза од „Макпетрол“ се: Петар Заборски, Витомир Трајковски и Данило Божовиќ. Следните спортистки од скопскиот клуб освоија бронзени одличја во борби во екипна конкуренција: Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска и Јована Мицовска.
Конкуренцијата на Балканското првенство беше навистина силна. Пропозициите за учество дозволуваа да се пријават најелитните и најдобро рангирани четири спортисти од секоја држава во секоја категорија.
Во Подгорица учествуваа спортисти од 13 држави кои што се соочија во машка и во женска сениорска конкуренција. Вкупно беа пријавени 298 учесници.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија24 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити