Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт откри дека два пати премислувал важен играч да не се откажува од репрезентацијата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/England

Кајл Вокер летово беше пред трансфер во Баерн Минхен, но Пеп Гвардиола успеа да го премисли и да го задржи во редовите на Манчестер Сити.

Очигледно, десниот бек почесто во кариерата има вакви моменти на неодлучност, бидејќи селекторот Герет Саутгејт откри дека дури два пати успевал да го премисли да не се откаже од настапите за националниот тим на Англија.

– Два пати го премислив од идејата за повлекување, еднаш по европското и вториот пат по светското првенство.

– Ако зборуваме за топ фудбалери на својата позиција во нашата репрезентација, тогаш тој е еден од нив.

– Мислам дека тој самиот не сфаќа колку е важен за англиската репрезентација и колку го вреднуваме, а нема да биде и среќен што зборувам јавно на ваков начин за него, – изјавил Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни