Поврзете се со нас

Италија

Сари објасни зошто му покажуваше среден прст на противникот од клупата (Видео)

Објавено

на

Лацио не дозволи втор кикс во низа на домашен терен и вчера ја победи Верона на „Олимпико“ со 2:0, натпревар кој донесе и доста емоции и тензија крај аут линијата.

Главен причинител за тоа беше Маурицио Сари, искусниот стручњак кој го предводи Лацио, а кој влезе во караница со некој од противничката клупа.

Сари имаше невкусен гест и покажа среден прст поради кој може да добие казна од дисциплинската комисија, но иако прво се мислеше дека истиот е наменет за тренерот Габриеле Чофи, предводникот на Лацио вели дека тоа било посвето на директорот кој добро го познава.

– Директоро Мароку го познавам толку многу години и погрешив со протолкувањето. Слушнав дека ми довикува „седи доле“, а тој ми рекол да се смирам.

– Го разјаснивме ова по мечот и се смеевме за оваа епизода која ја видоа и сите фудаблски фанови, – изјави Сари по победата од 2:0 која го носи Лацио на шестата позиција на табелата во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни