Поврзете се со нас

ВТА

Сабаленка ја победи најдобрата пријателка, силниот ветер изнуди насмевка на лицето на Белорусинката (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Арина Сабаленка оствари победа на првиот настап во Мајами и воопшто прв настап по смртта на нејзиниот доскорешен партнер, Констанин Колцов.

Некогашниот НХЛ хокеар извршил самоубиство пред неколку дена во трагедија што ја потресе светската спортска јавност, а Сабаленка реши да не се повлекува од турнирот и во единствената порака преку социјалните мрежи појасни дека иако таа е многу потресена од трагедијата, одредено време не била во врска со Колцов.

Прва противничка на Белорусинката и беше нејзината најдобра пријателка Паула Бадоса, која не можеше да и се спротивстави на теренот, па се соочи со пораз во два сета.

Сабаленка победи со 6:4 и 6:3, а една ситуација со пресилниот ветер изнуди и насмевка на нејзиното лице.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни