Поврзете се со нас

ВТА

Сабаленка го прекина молкот и испрати прва порака за трагичната смрт на Колцов (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/sabalenka_aryna

Арина Сабаленка се најде во центарот на вниманието на тениската спортска јавност, не поради резултат кој го има остварено на теренот, туку поради новата голема трагедија која го одбележа нејзиниот живот.

Белоруската тенисерка пред пет години остана без својот татко кој почина на 43-годишна возраст, а вчера топ тема стана прераната смрт на НХЛ хокеарот Константин Колцов, кој всушност беше долгогодишен партнер на Сабаленка.

Јавноста ја пренесе шокантната вест и подоцна беше информирано дека Колцов се фрлил од хотелската соба во Мајами, па после речиси 48-часовен молк, Арина реши да првпат да се огласи во јавноста.

Шампионката на Аустралијан Опен побара да се почитува нејзината приватност, но со објавената порака всушност откри дека таа веќе не била во љубовна врска со Колцов.

– Смртта на Константин е незамислива трагедија, а иако повеќе не бевме заедно, моето срце е скршено. Ве молам почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овој тежок период, – порача тенисерката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни