Поврзете се со нас

Германија

Румениге исклучи тандем Левандовски-Халанд и го советува Баерн на кого да му даде предност

Објавено

на

Карл-Хајнц Румениге смета дека Ерлинг Халанд не може да игра заедно со Роберт Левандовски во Баерн Минхен и направи избор меѓу двајцат врвни напаѓачи.

Поранешниот висок функционер во редовите на Баерн, во својата последна колумна потенцирал дека Баерн не би го ангажирал Халанд, се додека Левандовски е предводник на нападот.

– Мислам дека е бесмислено да се очекува Левандовски и Халанд да играат заедно во тимот на Баерн, тоа нема да функционира.

– Клубот нема да го менува концептот подготвен за најуспешната деценија во неговата историја поради еден фудбалер, – вели Румениге кој го преферира Левандовски пред Халанд.

– За неколку години Халанд може да има предност поради својата возраст, но денес Левандовски е заштитен знак на клубот. Тој е перфектен напаѓач, посебно за Баерн. Не постои друг фудбалер, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, кој има таков ефект од напаѓачката позиција, – вели Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни