Поврзете се со нас

Светски првенства

Романците се жалат на публиката во Скопје: Да им покажеме на Македонците…

Објавено

на

Селекцијата на Романија ја загуби првата битка со Македонија (30-22) и ќе има тешка задача за да го продолжи својот пат, сон за пласман на Светското првенство кое наредната година се игра во Шведска и Полска.

Романците го признаа поразот, но во исто време се пожалија и го искажаа незадоволството од реакциите, навивањето на македонската публика во СЦ „Борис Трајковски“.

-Во Македонија загубивме од многу борбен тим и публика која за жал не почитува фер-плеј. На 19 март во салата на Динамо можеме да им покажеме што значи да го поддржуваш омилениот тим без исвиркување. Со полна сала, романската репрезентација има повеќе шанси. За Романија и за фер-плеј, -порачуваат од ракометната федерација на Романија.

Реваншот меѓу овие две селекции се игра утре од 19 часот во Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни