Поврзете се со нас

Италија

Рома победи во драматичен финиш, Мурињо трчаше спринт до трибината (Видео)

Објавено

на

Рома го победи Сасуоло со 2:1 во еден од најинтересните натпревари одиграни сезонава во Серија А, а на кој гостите изнапромашија зицери пред да бидат казнети во судиското надополнување.

Рома поведе со голот на Кристанте во првиот дел, Сасуоло возврати преку Ѓуричиќ во второто полувреме, а во продолжение не реализираше неколку добри шанси.

Руи Патрисио ги одбрани зицерите на Берарди и Бога, Траоре погоди статива, а на спротивната страна и Рома имаше неколку добри обиди да стигне до водство.

Казната за гостите ја испорача резервистот Ел Шарави, кој во 91. минута погоди за 2:1 и трета победа на Рома сезонава.

За еуфоријата на „Олимпико“ да биде поголема се погрижи и Жозе Мурињо кој истрча спринт до трибината каде неговите фудбалери го прославуваа погодокот.

Драмата беше надополнета со гол на Скамака за Сасуоло неколку минути подоцна, но истиот беше поништен поради офсајд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни