Поврзете се со нас

АТП

Родик: Ѓоковиќ е манијак, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/5SportsNet

Поранешниот светски рекет број еден, Енди Родик веќе некое време ужива во својата „пензија“, но тоа не значи дека не ги прати сите тениски настани и сите поврзани работи со овој спорт.

Американецот во изминативе денови е актуелен со своите изјави за Новак Ѓоковиќ, па според него не е никаков проблем што сезонава Србинот се уште нема освоено титула, а и тоа што периодов во САД го искористи и за некои други активности.

-Беше на натпревар во НБА, размени дрес и рекет со Стеф. Имаше многу ПР програма во текот на таа недела во Индијан Велс. И сите велат: „Треба да се концентрира“. Не мора ништо да прави. Знае што треба да прави, да се стави себеси во позиција, тој е во својата „ера на наследство“. Тоа не значи дека не може да продолжи да доминира, нели? Знае што да прави, поразот ќе го деморализира, но да, тука е и семејството кое има предност, тој има 36 години.

-Тој е манијак од почеток до крај, веќе 20 години, на добар начин. Мислам на тоа во многу позитивна смисла. Нолефанс, ве молам, немојте на Твитер да ме убивате. Секој што вели дека по таков пораз не требало да оди на натпревар на Вориорс и да се дружи со други великани на сите времиња, звучи глупаво. Глупаво е, затоа што го има има надминато. Ако сака да направи нешто, знае што треба да биде“, заклучи Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни