Поврзете се со нас

АТП

Родик со критики за Ѓоковиќ: Тоа беше очајнички потег

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Енди Родик не важи за поранешен тенисер кој често го критикува Новак Ѓоковиќ или некоја друга легенда на овој спорт, но во најновиот подкаст решил да зборува за српскиот тенисер и неговиот потег на Индијан Велс.

Светскиот рекет број еден загуби од Лука Нарди, а во текот на мечот имаше вербален дуел со судијата, обвинувајќи го противникот дека застанал за време на поенот, што било причина и тој да застане и да го загуби поенот по неколку изнудени потези.

Родик смета дека Ѓоковиќ не смеел да се жали за она што се случило, бидејќи такво нешто не доликува за тенисер од негов ранг.

– Тоа беше очајнички потег, не можев ни да замислам дека Новак може да биде очаен во дуел со 123. тенисер во светот.

– Нарди не застане, а дури и кога вашиот противник би го направил тоа, тоа не значи дека и вие морате да го направите тоа, туку напротив.

– Ако тој застане, ти продолжуваш и го освојуваш поенот. Ѓоковиќ донесе погрешна одлука уште на почеток, потоа се жалеше кај судијата за потегот на противникот, а потоа тоа му го спомена и на младиот тенисер за кој ракувањето со Новак му беше најважниот момент во кариерата, – рекол Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни