Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА уште еднаш го срушија Ростов Дон

Објавено

на

ЦСКА Москва на нашата репрезентативка Сара Ристовска забележа уште една дерби победа над Ростов Дон во првата руска лига.

Овој пар Сара и колешките беа подобри на теренот на ривалот со 30-26, триумф со кој го задржаа перфектниот учинок во шампионатот каде сега имаат 17 од 17.

Севкупно ова е трето славје на ЦСКА против Ростов во актуелнава кампања ако се земе предвид и Супер Купот што јасно говори кој е главниот фаворит за трофеите во натпреварувачката 2022/2023.

Ристовска беше автор на три гола, прв стрелец беше Михаиличенко со седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни