Поврзете се со нас

Репрезентација

РФМ одреди какви премии ќе заработат најсилните македонски селекции за пласман на ЕП и СП

Објавено

на

Управниот одбор на ракометната Федерација донесе неколку важи одлуки според програмската определба предвидена за мартовското заседание, а на истото биле одобрени и премиите кои треба да ги добијат најсилните машки и женски селекции за настап на најважните настани.

Водечката структура на РФМ традиционално ги наградува сите селекции за најважните успеси кои се остваруваат на ракометниот терен, па предвидена е премија и за добри квалификации за Европско и Светско првенство.

Ракометната Федерација одреди идентична сума како награда за женскиот и машкиот тим, со тоа што девојките се борат за пласман на ЕП, а момците за билет на СП.

– Согласно член 32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на Македонија во рамки на своите програмски определби, Управниот Одбор на ден 25.03.2024 година ги донесе следните Одлуки по итност, согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.):

– За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на IHF World Championship 2025 во CRO/DEN/NOR во висина од 2.000.000,00 денари нето износ;

– За одредување на парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за пласман на EHF Euro Women 2024 во AUT/HUN/SUI во висина од 2.000.000,00 денари нето износ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни