Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рејнилдо доби жолт картон и „петка“ од судијата Орсато (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид доживеа уште еден пораз во Лигата на шампионите и на разочарувачки начин го заврши настапот во најелитното европско натпреварување.

Избраниците на Чоло Симеоне загубија на гостувањето во Порто и тоа со голови примени во првиот дел, а натпреварот донесе и неколку тензични ситуации и дуели меѓу фудбалерите на двете екипи.

По еден погруб старт, жолт картон заработи Рејнилдо од редовите на шпанскиот претставник, а судијата Даниеле Орсато создаде еден интересен момент поздравувајќи го репрезентативецот на Мозамбик со „петка“.

Атлетико со помош на автогол на домашните играчи во судиското надополнување ја затресе мрежата на Порто, но тоа беше доволно само за конечни 2:1 и елиминација од европските купови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни