Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул издоминира на Сузука, Ферстапен стигна до трета победа сезонава

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Тимот на Ред Бул обезбеди рутинска еден-два победа на Формула 1 трката во Јапонија, а Макс Ферстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман со третата победа сезонава.

Актуелниот шампион стартуваше од пол-позицијата, а негативно врз неговата трка не влијаеше ниту прекинот кој се случи по самиот почеток на натпреварот на Сузука.

Судирот на Даниел Рикардо и Алекс Албон донесе црвени знамиња и елиминација на двајцата возачи, а по рестартот, Ферстапен го одржа првото место пред Серхио Перез.

Ферари не можеше да му парира на Ред Бул, па пласманот на Карлос Саинц и Шарл Леклер на третото и четвртото место може да се смета како најдобар достапен резултат за црвените болиди.

До десеттото место се најдоа Лорис, Алонсо, Расел, Пјастри, Хамилтон и Цунода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни