Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул и Ферстапен немаа конкуренција и на трката во Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Првите две трки во новата натпреварувачка сезона најверојатно се јасен доказ за тоа како ќе се одвиваат работите во Формула 1 во наредните неколку месеци, бидејќи доминацијата која ја презентираат Ред Бул и Макс Ферстапен изгледа како онаа на Мерцедес која траеше со години.

Сценариото беше идентично како пред една седмица во Бахреин и Макс имаше лесна трка од почетокот до самиот крај, а и овојпат, втор на пиедесталот беше вториот возач на Ред Бул.

Патеката во Џеда не донесе големи возбудувања во битката за врвот и првите две места беа осигурани уште на половина трка, па се чини дека најмногу што можеше да направи Шарл Леклер е само да го потврди третото место.

Возачот на Ферари заврши трет на Големата награда на Саудиска Арабија, но интересно, наградата „возач на денот“ му припадна на неговиот тимски колега, односно новајлијата во Формула 1.

Младиот Берман го замени Карлос Саинц кој мораше да прави операција на слепо црево, а напредокот од 11-та до 7-та позиција беше изгласан како хајлајт на денот од Ф1 фановите.

Измеѓу него и Леклер се најдоа Пјастри, Алонсо и Расел, додека во првите десет денеска пласман изборија и Норис, Хамилтон и Хулкенберг.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни