Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Кузмановски погоди за победа на Хановер

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски донесе победа за Хановер во денешната лигашка пресметка во Бундеслигата против Ерланген.

Ова беше средба која донесе две различни полувремиња, првото им припадна на гостите (13-10), второто на домаќините со тоа се влезе во драматична завршница во која Кузмановски ја презема одговорноста и со својот погодок дојде славје од 28-27.

Со ова Филип ја комплетираше одличната партија, даде шест голови од осум обиди со што заедно со Мартиновиќ беа најефикасни играчи кај Хановер. Прв стрелец на мечот беше Стајнерт од Ерланген со осум погодоци.

Хановер со 26 бодови е на 12. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни