Поврзете се со нас

Франција

Рамос дозна колку натпревари ќе паузира поради црвениот картон

Објавено

на

Серхио Рамос денеска ја доби најавената суспензија од дисциплинската комисија на Лига 1, но помина добро ако се имаат предвид првичните прогнози.

Фудбалерот на ПСЖ доби два жолти картони и автоматска преселба во соблекувална на дуелот со Реимс, а поради навредите на сметка на судијата беше најавено дека може да добие суспензија до десет натпревари.

Сепак, шпанскиот дефанзивец ќе пропушти само три средби од француското првенство, а во меѓувреме ќе биде во комбинација за преостанатите две средби од групната фаза на Лигата на шампионите.

Рамос ќе ги пропушти дуелите со Троја и Ажаксио, како и дербито со Олимпик Марсеј кое се игра веќе во недела.

Натпреварот на кој Рамос ќе може да се врати во тимот на ПСЖ е тој против Лориен на 6. ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни